Добредојдовте на нашата нова веб страна - ние сме тие што се грижат за вашиот бизнис…

Џо-ко-ко...

Џо-Ко-Ко е едно од водечките сметководствени бироа во Македонија, со детално искуство во соработка со домашни и странски компании.

Нашата цел е да Ви понудиме стручност во полето на управување со сметководството, се со цел да ги исполните законските обврски, одговорности и потреби обезбедувајќи детален приказ на резултатите кои Вие секојдневно ги остварувате во вид на финансиски извештаи.

Можноста за дневно советување, генерирање на анализи и извештаи како и препораки, им нуди на менаџерите за прв пат можност да донесуваат стратешки одлуки, базирани на факти. На овој начин овозможувате вашата компанија да има пропорционален раст со минимален ризик по вашите финансии.

Нашиот тим се разликува од останатите затоа што ја имплементира стратегијата на комплетна посветеност на потребите на клиентот и искористување на најновата технологија при вршење на обврските и комуникација со клиентитите. Тимската работа, професионалноста, етичките принципи допринесуваат сметководството да стане наша грижа.

Нашите клиенти се бизниси од сите големини од најразлични дејности и бизнис сектори. Тоа опфаќа од мали компании на кои им е потребна само повремена финансиска контрола, до големи компании кои сакаат да го оптимизираат своето работење и да ги уживаат сите придобивки кои може да ги донесе надворешното (outsourced) сметководство.

Работното портфолио на нашата компанија опфаќа иновативно и професионално сметководствено-софтверско водење и поддршка на нашите клиенти, даночен консалтинг, регистрација на фирми, водење на човечки ресурси и изработка на плати и финансиски анализи.

Како доказ за нашата професионалност и комплетна посветеност на работата е долгогодишната успешна соработка со нашите клиенти меѓу кои се: Амбасада на Република Австрија, Лисца, Национална Групација за Судски вештачења, Тримо Македонија, Алекс Интернационал, НЈСК Холдинг, Марвимекс, Профи Монт, Алес, Хас Инжинеринг, Домум Дизајн, Анси Ултра Дизајн, Дампекс Сара Кеј, Пзу Дентин, Балкан Биосерт, Винум Мкд, Грин Вектор, 3 Инг Енерго, Силика, Камекс, Фајн Дизајн, Фрешис, Фоја Ко, Топ Форма, Леан Сем, Карпе Арт, Лакшми, Концепт СС, Кај Дуле Тетоец и многу други.

Dzo-ko-ko...

Dzo-Ko-Ko is one of the leading accounting companies in Macedonia, with 30 years of experience of dealing with domestic and foreign companies.

Our mission is to offer you expertise in the field of accounting management, in order to fulfill the legal obligations, responsibilities and needs by providing a detailed overview of the results that you daily accomplish in the form of financial reports.

Daily counseling and generating analyzes and reports, empowers managers to make strategic decisions based on facts, which minimizes financial risks and leeds company growth.

Our team’s strong point is implementing a strategy that meets the needs of the client and utilizes the latest technology in carrying out the financial obligations of the client. Teamwork, professionalism, ethical principles make accounting become our concern.

Our clients are businesses of all sizes from a wide variety of industries and business sectors. It involves small companies that need only occasional financial control, to large companies that want to optimize their operations and to enjoy all the benefits that outsourced accounting can bring.

The work portfolio of our company includes innovative and professional accounting, software maintenance and support to our clients, tax consulting, company registration, human resources management, payroll and financial analysis.


Денес во нашето Книговодствено Биро има 6 вработени:

Мартин Џони

Сопственик и управител на друштвото

Тој ја има основано компанијата употребувајки го неговото образовение и професионалното искуство во сметководството. Како менаџер тој е одговорен и умешен да ги координира вработените во извршувањето на секојдневните работи. Исто така тој е одговорен за афирмирањето, воспоставување и одржувањето на контактите со клиентите и јавните институции.

Двигателите на вашиот бизнис:

Марија Поповска

Вработена од 1999 година

Таа врши прием на документацијата и е одговорна за контакт со нашите коминтенти. Извршува пресметка на плата и придонеси од плати, изработка на пресметки и извештаи што се потребни за доставување до Министерството за Економија, Управата за јавни приходи и фондовите за пензиско и инвалидско осигурување и здравствено осигурување како и водење на материјално и финансово книговодство.

Елена Станковска

Вработена од 2004 година

Како асистент за прием на документација и е одговорна за контакт со нашите коминтенти. Таа е специјализирана да извршува пресметка на плати и придонеси од плати; пријавување и одјавување на вработени притоа остварувајки одлична комуникација со релевантните фондови за пензиско и здравствено осигурување како и Агенцијата за вработување.Исто така таа е оспособена за комплетно финансиско сметководство и изготвување на завршни пресметки.

  • Тел: (02) 3063 301
  • Факс: (02) 3063 301

Весна Џони

Асистент и прием на документација

Таа исто така е подготвена да изврши пресметка на плати и придонеси од плати; ги врши сите банкарски услуги на нашите коминтенти; пријавување и одјавување на вработени и целокупно финансиско сметководсво. Одлична е во комуникацијата со нашите клиенти и е спремна да одговори на секое нивно прашање од областа на сметководството.

  • Тел: (02) 3063 301
  • Факс: (02) 3063 301

Дијана Стојковска

Дипломиран економист
Вработена е во 2012 година

Oдговорна за прием на документација и комуникација со клиенти. Специјализирана е да извршува пресметка на плати и придонеси од плата; пријавување и одјавување на вработени и целокупно материјално сметководство. Исто така таа е задолжена за подготовка и изработка на сите обрасци потребни за доставување во Управата за Јавни приходи и Фондовите за Пензиско и инвалидско осигурување и Фондот за здравствено осигурување.

  • Тел: (02) 3063 301
  • Факс: (02) 3063 301

Следете не на социјалните мрежи!